Филипче го стопира тендерот за биохемиски анализи

195

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи е прекината поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажала првичната евалуација.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека на тендерот се јавила само една фирма и дека во овој период интензивно работеле на евалуација на понудата.

Во следниот период ќе продолжиме со имплементација на планот за централизација, а со тоа и обезбедување на големи заштеди во овој дел од набавките, рече Филиче.

Тој ги повика компаниите кои работат во оваа сфера да ги намалат цените на реагенсите до 20 отсто колку  што се  пазарните вредности се многу помали од тоа што сега во моментов се користи.

Во следните постапки ќе ги имплементираме сите искуства кои ги собравме во прекинатата постапка со цел да не се соочиме со истото. Сакаме овој модел да успее заради тоа што знаеме дека креира заштеда, ја подобрува функционалноста и сервисот на нашите граѓани. Во таа насока ќе одат следните постапки, истакна Филипче.

Според него, министерството активно работи на подготовки на постапката, која е  целосно отворена и во секој момент може да присуствуваат сите заинтересирани и во секоја фаза.

Притисок апсолутно немаше. Сметаме дека е некоректно и дополнително се прави сомнеж кога има само еден понудувач во оваа тендерска постапка, рече Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.