Новиот министер за здравство Венко Филипче изјави дека во Македонија нема инсулинска криза. Според него, главниот проблем поради кој се јавува недостиг на инсулин е процедурата за набавка.
Од Агенцијата за лекови, пак, во исто време информираа дека инсулинот бил дистрибуиран во земјава на крајот на ноември, но анализите на неговиот квалитет и други проверки траеле еден месец, а лекот денеска ќе биде пуштен во промет.
-Ова што се случи, нема повеќе да ни се случува. Проблемот е во процедурата, нема обврска набавувачот во точнo пропишан рок да набавува инсулин, па затоа ќе се менува процедурата, за да може да се обезбедат и залихи, рече министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.