Филипче: Третманот на децата продолжува во клиниката на Жан Митрев

Третманот на децата продолжува во клиниката на Жан Митрев, вели за ТВ 24 министерот за здравство Венко Филипче и покрај отказот на детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски од болницата на „Жан Митрев“ и најавата дека од утре следуваат откази и на останатите десетина луѓе од тимот на Чадиковски.

Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, бил разочаран поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.