Филипче ја повикува опозицијата да го контролира процесот за нов Клинички центар

Министерот за здравство Венко Филипче, ја повикува опозицијата во Собранието да ги повлече 2000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски клинички центар.

Собраниска комисија којашто ќе ја водат опозициски пратеници и ќе го контролираат процесот на градење, изведба и секој аспект од проектот за Клинички центар, а Министерството за здравство ќе биде отстрана и ќе и биде поддршка на опозицијата, е понудата од Филипче до опозицијата.

Процесот за изградба на Клинички центар почна пред 2 години, втората фаза се одолговлечи поради ковид кризата. Процесот започна со таканаречен конкурентен дијалог, аплицираа 5 компании, за втората фаза останаа 2  германската Vamed и француската Bouygues construction, едната која има искуство во градежниот дел, а втората искуство во менаџирањето и опремувањето на болниците.

Законот треба да ја регулира идејата двете компании да имаат можност, да дадат една единствена понуда,а независен финансиски ревизор да каже дали е таа соодветна, од причина што ќе биде една понуда мора да се контролира цената. Од огромен интерес на граѓаните е  нов Клинички центар што ќе служи во следните децении и ќе даде интегриран тип на здравствена услуга.

Во соопштението од МЗ се наведува дека министерот им укажува на пратениците од опозицијата дека поддршката на Законот за нов Клинички центар ќе покаже дека партиите можат заедно да направат нешто што е од голема важност за граѓаните и нивното здравје