Филипче: Ако остане иста состојбата со Covi-19 по 15-ти јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки

Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15-ти јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека доколку продолжат овие бројки на заболени од Covid-19, овие трендови, по 15-ти јуни може да се очекува дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.

„Тука мислам прво на полицискиот час и второ на препораките за организација на другите настани“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реновираните хируршки сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија