Филипче: Бројот на заразени пациенти со коронавирус е во пораст, вкупно 48 заболени

Денеска до 16 часот се регистрирани 6 нови случаи заразени со коронавирус, што значи дека вкупната бројка сега во земјава е 48. Во Штип за првпат во земјава е дијагностициран вирусот на 4-годишно девојче коешто се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјава на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите. На инфективно девојчето е сместено со мајката. Во Дебар се 3 нови случаи сите се избрани со пошироката индикација. Во Скопје е потврден случај лице којшто имло контакт со еден од претходните случаи во изминативе два дена, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Уште еден случај е потврден во Гостивар, жена којашто е вратена од Швајцарија. Била во домашна изолација се најавила сама на тестирање и навела дека имала контакт со заболен. Контактирани се сите членови на нејзиното семејство.

Во овој момент се тестираат дополнителми 35 лица.

Сите пациенти се стабилни, со непроменета клиничка слика. Пациентката којашто е на респираторна машина нема знаци за влошување на состојбата. Денеска е направена домашна визита кај сите коишто се на домашно лекување.

Денеска направивме план за ставање во функција на третман на заразените во болницата „8-ми сепмтеври“. Со оглед на тоа што се изнудува потреба на друг тип на лекарска помош. Во болницата денеска направивме посета со посебна комисија, заедно се утврди патот, текот на движење на пциентите, делов на изолација, примени амбуланти, една посебна операциона сала, посебен кабинет за ехо и еден целосно посебен оддел кој во овој момент има 22 кревети.

Веќе се работи планот за посебни пунктови во здравствениот дом во Скопје. Тогаш кога ќе биде готово ќе треба да стартува во текот на следната недела.

Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар“, кажа Филипче.

Тој додаде дека пациентите во нашата земја се во пораст, здравствениот систем е добро менџиран, добро е што пациентите се откриваат во рана фаза.

„Упатувам порака дека ова не е нешто што можат само здравствените работници да го изменаџираат, исклучително е важна улогата на граѓаните дека сите мора да придонесат за оваа криза да се надмине“, кажа Филипче.