Филипче: Да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19

Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Препорачува да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19 кои се наменети за лицата со суспектна или лабораториски потврдена инфекција и се на домашно лекување, како и за членовите на семејството кои доаѓаат во контакт со сомнителен или потврден случај на ова заболување, објавени на линкот https://bit.ly/2UzgeDY  

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.