Филипче ќе бара продолжување на вонредната состојба, а објавува протоколи за изборна кампања

Комисијата за заштита од заразни болести, преку министерот за здравство, на утрешниот состанок на Сoветот за безбедност кај претседаталот Стево Пендаровски, ќе побара продолжување на вонредната состојба, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче, кој на истата прес-конференција ги презентираше изготвените протоколи за одржување на изборите одложени токму поради епидемијата од коронавирусот.

Како што кажа министерот, за предлогот за продолжување на вонредната состојба во земјата имало повеќе причини, меѓу кои задржување на механизмите за спроведување на препораките за заштита од ширењето на епидемијата и во периодот што следи.

Филипче информираше и дека по барање на шефот на државата, а како резултат на заклучоците од лидерската средба од вторникот, Комисијата за заразни болести го дефинирала протоколот за спроведување на изборниот процес за време на кампањта и за време на гласањето.

„Овој протокол мора да се спроведе во текот на изборниот процес“, рече Филипче додавајќи дека протоколот денеска ќе биде пратен до премиерот и до претседателот на државата.

По барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, а како резултат на заклучоците од лидерската средба, Комисијата за заразни болести го дефинира протоколот за спроведување на изборниот процес за време на кампањта и за време на гласањето. Овој протокол мора да се спроведе во текот на изборниот процес, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Протоколот денеска ќе биде пратен до премиерот и до претседателот на државата.

Според Комисијата за заразни болести, активностите на партиите треба да се одвииваат исклучително со почитување на генералните мерки: физичка дистанца од два метра, носење заштитна маска и дезинфекција на рацете. Притоа препорачливо е да се користат разгласни уреди за да нема голема концентрација на граѓани. И при кампањата „врата на врата“ треба да се почитуваат овие мерки, без влегување по домаќинствата, туку пред вратата или во дворот од куќата.

Партиските активности, кога може да се одржуваат на отворено, а во затворено да траат само два часа по што треба да се изврши целосна дезинфекција на просторот. На мобилните партиски штандови да нема повеќе од две лица и да се носат заштитни маски. При партискиот превоз на симпатизерите, во возилата да нема повеќе од 50 % од капацитетот на бројот на седишта и внатре да се носи заштитна опрема.

На денот на изборите членовите на гласачките одбори да бидат со маски и ракавици, просторијата да биде постојано проветрена, на влез и на излез гласачите да ги дезинфицираат рацете и внатре да нема повеќе гласачи од број на гласачки места. Се препорачува и зголемување на времето за гласање од два часа.