Филипче е информиран од директорот на болницата: Повредените пациенти се во стабилна состојба,

21

Сите седум пациенти кои се згрижени во болницата „Пирогов“ се стабилни и се под лекарски надзор, а дадена им е и психолошка помош, му рекол директорот на софиската болница д-р Иван Поромански на министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово во телефонски разговор.

„На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро“, бил информиран меѓу другото македонскиот министер за здравство.

Од Министерството за здравство велат дека сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Во несреќата на автобусот на „Беса транс“ на автопатот „Струма“ во Бугарија вчера загинаа 45 патници, а седуммина се повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.