Филипче ќе се вакцинира против коронавирусот кога ќе пристигне втората пратка

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема да биде меѓу првите коишто ќе се вакцинираат. Тој одлучи предност да им даде на своите колеги коишто се во првите редови во борбата против коронавирусот.

„Министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира кога во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини. Министерот остава предност на неговите колеги кои се изложени на голем ризик во ковид – центрите низ државата, велат од неговиот кабинет.

Во среда во земјава почнува имунизацијата од ковид-19, а првите вакцини ќе бидат наменети за медицинскиот персонал на Инфективната клиника.

Досега се пријавени 4 000 здравствени работници за вакцините од „Фајзер“ кои Македонија ги набави од Србија први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Од Министерството за здравство информираа дека првите 4 680 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија и дека здравствениот систем е целосно спремен за имунизација на населението.

-Со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови, соопштија од Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.