Филипче ги посети преживеаните во автобуската несреќа во Пирогов

Сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и ничиј живот не е загрозен, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

По посетата на болницата заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Филипче истакна дека само еден пациент е со скрешница поради што треба да се направат дополнителни анализи и да се утврди дали ќе биде потребен хируршки зафат.

– Ги посетивме пациентите. Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во контакт овие денови, а по целосното стабилизирање на состојбата, пациентите да ги префрлиме на третман во Скопје – изјави Филипче.

Според него, меѓу настрадините има повеќе членови на едно семејство од кои најмладиот е девојка на возраст од 16 години, а сите други се постари меѓу 40 – 50 години. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.