Филипче: Хронично болните и возрасните групи ќе имаат приоритет за вакцинирање

Министерот Венко Филипче најави дека во периодот што следи ќе биде даден приоритет на вакцинирање на возрасните групи и хронично болните, а сосема мал дел од капацитетите ќе биде наменет за вакцинирање на критичната инфраструктура.

– Во однос на хронично болните се прават контакти. Се подготвуваат списоци. Врвен приоритет се лицата со трансплантации и оние кои одат на дијализа. Очекувам таа постапка да заврши викендов. Останатите ќе одат по систем на пријавување – рече министерот Филипче.

Лицата со други хронични болести треба да се пријават на вакцинација.мк и да чекаат термин согласно возрасните групи.

Тој денес веќе извести дека термини за вакцинирање добиле сите министри оти Владата одлучила да се вакцинира веднаш по вакцинирањето на Собранието.