Филипче и Едштадлер: Взаемно признавање на вакциналниот сертификат без ограничување за типот на вакцина

50

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Скопје на средбата со Каролине Едштадлер, министерка за ЕУ и Устав на Австрија, ја потенцирале важноста на процесот на имунизација и во поглед на недостигот на вакцини заклучиле дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“, информира Министерството за здравство.

„На средбата Филипче и Едштадлер говореа и за сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите и беше кажано дека сертификатот ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините“, се наведува во соопштението.

Денеска од Австрија ја добивме првата количина на вакцини од „Фајзер“, вкупно 4860, а до крајот на месецот ќе пристигне и вкупната количина од 19.890 дози.

– Интензивната соработка на нашата и австриската влада започна многу порано пред почетокот на ковид пандемијата. Владата на канцеларот Курц во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава помогна во изработка на физибилити студија за изградба на новиот Клинички центар – истакнал Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.