Филипче и’ се враќа на професијата: Доста ми е од политика

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за ТВ 24, вели дека веднаш по изборот на новата влада, ќе се врати на својата основна професија.

– Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Се враќам на мојата основна професија, како неврохирург во Клиничкиот центар – изјави тој.

На прашање на ТВ 24 дали размислува за амбасадорско место или за друг ангажман во политиката, тој вели дека такво нешто не е опција.