Филипче и Заев бркаат провизии, место вакцини, епилогот 21 мртви, 947 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19.  Починати се 21 лице, а оздравени се 397 пациенти, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 453, Прилеп 65, Велес 56, Неготино 44, Кавадарци 41, Штип 30, Тетово  29, Куманово  26, Струмица  22, Гостивар и Битола  по 21, Охрид 19, Гевгелија  18, Кочани  17, Струга  12, Крива Паланка и Крушево  по 9, Ресен  7, Берово и Кратово  по 6, Делчево и Демир Капија  по 5, Дебар, Радовиш и Богданци  по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево по 2.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје  175, Прилеп  41, Кавадарци  34, Куманово  20, Велес  16, Неготино  15, Битола и Крива Паланка  по 14, Тетово  11, Гевгелија  8, Ресен, Пробиштип и Богданци  по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово  по 4, Кичево и Крушево  по 3, Берово и Валандово  по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија  по 1.

Пријавени се вкупно 21 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.

Направени се 3.450 тестови преку: ИЈЗ 729, ЦЈЗ Скопје 95, Авицена 381, Биотек 324, Жан Митрев 188, Систина 261, лабораторија Лаор 191, МАНУ 0, Судска медицина 16, ЦЈЗ Битола 72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 6, ГАК 0, Синлаб 61, Ремедика 31, лабораторија болница Козле 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.092, УК Пулмологија со алергологија 3, ГОБ „8-ми Септември“ 0, лаборатории од странство 0.

Досега во земјата се направени вкупно 555.367 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 453, активни 5.017, Прилеп 65, активни 757, Куманово 26, активни 393, Тетово 29, активни 316, Гостивар 21, активни 244, Штип 30, активни 154, Кавадарци 41, активни 572, Велес 56, активни 285, Битола 21, активни 255, Охрид 19, активни 436, Струмица 22, активни 202, Струга 12, активни 162, Кочани 17, активни 130, Кичево 2, активни 47, Неготино 44, активни 367, Гевгелија 18, активни 299, Свети Николе 2, активни 32, Крива Паланка 9, активни 129, Ресен 7, активни 73, Дебар 4, активни 17, Радовиш 4, активни 28, Делчево 5, активни 48, Берово 6, активни 45, Пробиштип 2, активни 34, Виница 2, активни 24, Валандово 2, активни 27, Крушево 9, активни 98, Богданци 4, активни 66, Кратово 6, активни 24, Демир Хисар 2, активни 36, Демир Капија 5, активни 38, Македонски Брод, активни 7, Македонска Каменица, активни 2, Пехчево 2, активни 6, Дојран, активни 4.