Филипче: Какви провизии, какви фантомски фирми кога парите се вратени

Министерот за здравство Венко Филипче денеска остро ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ дека фантомска фирма посредувала во набавката на вакцини од Кина и ги осуди, сите обиди, како што рече, да се загрози процесот на имунизација во земјава.

– Не станува збор ниту за нешто незаконско, ниту за провизии за кои не обвинува деновиве опозицијата. При набавката на вакцините секогаш сме се раководеле од два принципа, внимателност и регуларност. Ги осудивам сите овие обиди на опозицијата да го наруши угледот и да го загрози процесот на имунизација. Станува збор за компании кои не убедиле дека може да стигнат до вакцините, за какви провизии, за какви фантомски фирми зборат кога парите се вратени – рече Филипче.

Тој објасни дека Министерсвото за здравство ги следи инструкциите од кинеското МНР, а дека во преходните контакти за набавка на вакцините постапувале според уверувањата на компаниите.

– Сигурно дека станува збор за компании кои не увериле дека можат да стигнат до вакцините, ние стигнавме до вакцините, меѓутоа беше пораката од кинеското МНР што ја испочитувавме, дека ние треба да следиме друг пат кој тие ќе ни го сугерираат. Во таа смисла буквално нема ништо сомнително, гледате каква борба е низ светот да се стигне до вакцини – рече Филипче.