Филипче: Клиниките се отповарени персоналот е преморен

Клиниките се отповарени, персоналот е преморен и под притисок, медицински тимови се носат од внатрешноста за да има ротација а во наредните седум дена бројот на хоспитализирани ќе биде поголем од бројот на оние кои ќе бидат пуштени дома.

Вака министерот Филипче ја опиша моменталната ситуација во здравствениот систем по наглото ширење на вирусот и зголемување на бројот на новозаболени и жртви во изминатите петанесетина дена.

Македонија се наоѓа во најголемата и најтешката здравстена криза, но министерот смирува системот е подготвен а планот се спроведува.

Во моментов хоспитализирани се 330 пациенти а според Филипче капацитетите се далеку од исполнети. Отворена е монтажната болница како помошно одделение на Инфективната клиника, во Градската болница има околу 250 слободни кревети а на инфективните одделенија во внатрешноста на државата има доволно кревети, Сега се работи на клучнито проблем –  поддршка и дополнување на медицискиот и техничкиот кадар и персонал за да може да има ротација и одмор.

Деновиве 54 доктори и медицински сестри се префрлени во Скопје и прераспоредени во двата Ковид центри – Инфективната Клиника и Градската болница.

Билансот од епидемијата на коронавирусот во последното деноноќие повторно поразувачки. Девет пациенти ја загубија битката со вирусот а бројката на починати се искачи на 210. Петмина од починатите се од Скопје, двајца од Куманово и по еден од тетово и Охрид.

Вио последните 24 часа регистрирани се 193 новозаболени и во моментов во Македонија има 2.469 активни случаи.

Најголемото жариште е Скопје со вкупно 1.425 заболени а критични општини се Чаир, Гази Баба, Бутел, Аеродром и Центар. Критично е во Тетово каде денеска има 278 заболени од кои 19 се откриени во последното деноночие, во Куманово со 206 заболени и Штип со 202 активни случаи откако вирусот се прошири меѓу вработените во текстилните конфекции.

Сепак надлежните сметаат дека во моментот нема потреба од повторно воведување на рестриктивни мерки иако министерот Филипче е не ја исклучи и таа можност.