Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол

Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Протоколот ќе биде изработен од  Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Очигледно е, посочи министерот, дека бројката на заболени пациенти се намалува, епидемијата спласнува, тоа особено не радува и ни дава за право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои се сега затворени.

– Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои се наменети. За дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови и верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат, додаде Филипче.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.