Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Венко Филипче уште еднаш порача за почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Тој порача дека лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, уште еднаш апелирајќи за почитување на мерките.

„Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете!“, порача Филипче.