Филипче најави купување кинески вакцини додека ги чекаме другите

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во 360 степени најави дека Македонија е во преговори со кинескиот производител на вакцини против Ковид 19 и до крајот на неделата ќе бидат познати деталите кога и која количина од кинеската вакцина ќе стигне во Македонија.

-Не е точно дека не сме ја споменале оваа опција, премиерот ја најави како една од опциите и разговаравме со кинеската амбасада. Остануваме доследни на Ковакс механизмот, во петок треба да кажат точно кога и колку вакицини ќе стигнат. Го чекаме и одговорот од Фајзер. Но, очигледно е дека сите производители имаат проблем со капацитетите и затоа сакаме да обезбедиме процес на имунизација кој ќе има континуитет. Сакаме да обезбедиме соодветна количина и од сите производителите. Сите производители имаат развиено безбедни вакцини и кога ќе почне процесот сакаме да нема пауза. Сега чекаме детали во однос на цената и испораката, и до крајот на оваа недела ќе ги знаеме овие детали. Суштината е дека производителите кои први излегоа на пазарот имаат проблем со капацитетот. Нашите сознанија се од публикуваните материјали. Буквално сите вакцини се ефикасни и безбедни, вели Филипче.