Здравствените власти во петок, врз основа на анализите и статистиките за ситуацијата со коронавирусот, ќе разговараат дали и кога е можно одржување избори, како и дали има простор за олабавување на мерките за заштита од следната седмица, најавува министерот за здравство Венко Филипче.
Во изјава за Канал 5, тој вели дека е сѐ уште рано да се каже кога може да се одржат изборите, ама најавува дека утре ќе се разговара дали има услови за одржување избори, како и за евентуално намалување или укинување на полицискиот час.
Министерот рече дека се намалува бројот на пациенти со симптоми на коронавирус, што е причина за намалување на бројот на тестирања. Сепак, од следната седмица најавува тестирања на можни асимптоматски носители на вирусот