Филипче најави скрининг на здравствената состојба на населението

34

Според нашата сегашна анализа, 73 проценти од пациентите кои починале од Ковид-19 имале најмалку две хронични болести. Ова бара еден детален скрининг на генералната здравствена состојба на населението, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека скринингот ќе ја опфати здравствената состојба на пациентите претходно, типот на хронични болести, начинот на лекување, редовноста во земањето терапија и пристапот кон неа, колку често се јавуваат на контролни прегледи.

– Тоа е една многу важна анализа која треба да ја направат повеќе земји. Разговаравме со неколку меѓународни институции меѓу кои и УНИЦЕФ во делот на здравствената нега блиску до домовите, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.