Филипче: На ден ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани

Кога ќе почне вакцинацијата на населението, ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани на ден, уверува министерот за здравство Венко Филипче.

„Станува збор за вакцинирање од 300 до 500 луѓе на ден само на овој пункт на Инфективната клиника. Зашто сакаме сите вработени кои работат со ковид да бидат вакцинирани централизирано и со таа динаминка ќе стигнеме многу брзо со вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со ковид“, рече  министерот за телевизија Телма.

Според него, системот за вакцинација потоа ќе биде дисперзиран низ сите пунктови во државата.

„Капцитетот е меѓу две ипол и четири илјади на ден, и за кратко време можен е еден сериозен процент од населението да се вакцинира“, додае Филипче.