Филипче на итен состанок со Комисијата за заразни болести

Во моментов се одржува консултација на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести за актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи со ковид-19, информира Министерството за здравство.

 „Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба“, се вели во соопштението.