Филипче наместо да се крие зад штури соопштенија, да се извини за случајот Геријатрија и да преземе одговорност

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на министерство за здравство

Венко Филипче и СДСМ немаат ниту минимум доблест да признаат грешка и да понесат одговорност, како што тоа се прави во остатокот земјите во светот, но и во регионот.

Венко Филипче и СДСМ се директно виновни за сите заболени во Геријатрија, но и за потенцијалните жртви во иднина.

Појавата на Ковид 19 во Геријатриска установа, каде што се сместени стари и изнемоштени лица, со хронични заболувања е темпирана бомба за сите стари лица кои се згрижени во истата. И причинителот на опасноста е Венко Филипче, кој не презел чекори во насока да се спречи појавување, а тоа требало да го направи со засилени контроли и протоколи при влез, мерки за заштита и тестирања.

Во здрава држава Филипче ќе си поднесе оставка, ќе имаше истрага за пропустите за корона кластерот во геријатрискиот центар и владата ќе се извинеше за пропустите. Народот вели ем крив ем боде.

Наместо воспоставување на систем за заштита во здравствените установи, Венко Филипче изминатиот период беше насочен на кампањата на Заев и СДСМ, а граѓаните и пациентите, паднаа во втор план.

Наместо да се крие зад штури соопштенија, Филипче да излезе и да се извини за пропустите кои се негова вина, но и да преземе одговорност за истите.