Филипче: Настапуваме со чист образ, работевме посветено и одговорно

38

Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче порачува дека на локалните избори настапуваат пред граѓаните со чист образ.

-На овие локални избори настапуваме со чист образ. Работевме посветено и одговорно. Со мудра политика ја одглавивме државата и градиме иднина, не за неколку луѓе во земјава туку за сите. Повеќе нема режим, има видливи резултати: живееме во демократија, уживаме светска безбедност, се лечиме во реновирани болници, ги зголемивме платите на здравствените работници, а младите специјализанти се сега со платен стаж. Пандемијата покажа дека здравствениот систем е еден од столбовите на оваа држава, вели Филипче на Фејсбук.

Изрази уверување дека на 17 октомври граѓаните ќе имаат лесна работа и ќе го дадат својот глас за Никола Чаракчиев, кандидатот за градоначалник на Радовиш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.