Филипче неколку дена знаел за скандалот во Битола и не презел ништо

На денешната прес-конференција по посетатана Поликлиниката во Бит-пазар министерот за здравство Венко Филипче прзина дека неколку дена знаел за скандалот во битолската болница каде гинеколог ѝ дозволил на својата сопруга, која не била вработена таму и е странски државјанин, да породи жена со царски рез. До вчера додека скандалот не беше објавен во медиумите, не презел ништо во врска со овој случај.

-Не сум го слушнал докторот Чакароски. Немав контакт во врска со ова прашање. Нѐ информираше директорката дека има ваков случај во текот на изминатата недела, а вчера излезе во медиуми, рече министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Денеска во битолската болница инспектори вршат увид и се чека нивниот наод, по што Министерството ќе се изјасни какви мерки ќе преземе. Филипче додаде дека ќе го чека официјалниот извештај за и самиот да даде став за ова прашање.