Филипче, нит одговоривте зрело, нит навремено, нит ефикасно!

И денеска во Македонија има околуу 200 заразени од Ковид 19 и осум лица кои ја изгубија битката со оваа болест.

Додека секојдневно загрижува статистиката на заболени од вирусот, а овој период имаме и рекордна бројка на инфицирани и починати, министерот за здравство, Венко Филипче, во полититчка пропаганда повторно вели дека власта во заминување од којашто тој е дел, одлично се справува со здравствената криза.

Во видео обраќање, тој вели: „По четири месеци тешка битка со вирусот, слободно можам да кажам дека ние одговоривме зрело, навремено и ефикасно“?! Не дозволиле лоши сценарија…

Срамно, без никаква професионална и морална одговорност, Филипче бара масовна поддршка за неговата партија, којашто би значела сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.

А, граѓаните ни се чувствуваат сигурни, ни заштитени. За еден месец имаме прeку 5000 новозаболени, а здравствениот систем буквално е закочен.
Затоа министре, нит одговоривте зрело, нит навремено, нит ефикасно!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.