Филипче: Нови 67 заразени пациенти, еден починат

Во изминатото деноноќие утврдени се нови 67 позитивни тестови на ковид-19, објави на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека распоредот на новозаболените по градови низ Македонија сѐ уште се изработува и дека ќе биде готов во следните неколку часа, но исто така кажа дека само во Липково има 11 нови случаи.

– Од вкупно 868 тестирања, 67 се позитивни во изминатото деноноќие. Има 25 оздравени и еден починат пациент. На Клиниката за инфективни болести примени се 6 пациенти, сега се хоспиталиизрани вкупно 40 и нема пациент на механичка вентилација. Во болницата Осми септември има вкупно 27 пациетни, на респиратор се 6. Во болницата во Битола се примени 7 пациенти, а во Штип 14. Во Штип се затворени 6 конфекции, дадени се 55 решенија за самоизолација, а во следните денови ќе се тестираат околу 600 вработени. Еден дел од вработените се на работа, но тоа е со цел да се направат тестирања. Во Тетово се издадени 8 решенија за поозитивно дијагнозтицирани пациенти и имаме информации за еден нов кластер и се прават анкети на 40 вработени во еден субјект во Тетово – изјави Филипче.

 

Во однос на рестриктиивните мерки, тој посочи дека сè уште нема одлука.

– Денеска и утре ќе ги следиме информациите и бројките, па во среда или во четврток ќе се донесат соодветни одлуки. Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои нема да помогне. Секаде во светот станува збор за импленентирање на истите мерки за заштита на граѓаните. Рестрикциите се непожелни и можеме да ги одбегнеме само ако се однесуваме дисциплинирано. Комисијата за заразни болести анализираше податоци. Се разгледува можноста за враќање на рестрикцијата, но за тоа ќе се одлучува во текот на следните денови. Во Комисијата членуваат врвни експерти и со својот професионаленен дел даваат несебичен придонес, а искуството го црпат од справувањето со претходните пандемии и епидемии. Сите сме засегнати како поединци и сите придонесуваме во решавањеот на проблемот. Целиот овој изминат период покажува дека здравствениот систем има капацитет и дека ние точно знаеме што се случува и како да се справиме со вирусот – истакна Филипче.