Филипче: Очекуваме мирна епидемиолошка ситуација летово, но сепак сме резервирани

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува мирна летна сезона, особено во престојните два месеца, кога е во прашање ковид пандемијата. Сепак, тој во својата изјава остава резерва, предупредувајќи дека никој не може да предвиди дали следниот период би можело да се случи неочекувана мутација со висока контагиозност.

„Гледајќи како се развива ситуацијата во нашиот регион, но и во другите земји, нашата проценка, со резерва, дека следниот период, од два летни месеца, коишто се пред нас, епидемиолошката ситуација ќе биде мирна“, рече Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.