Филипче од граѓаните бара „максимална одговорност“ во периодот на слави и прослави

Министерството за здравство апелираше во неделата до граѓаните во претстојниот период на домашни слави, „максимално“ да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно во саботата во текот на неговата посета на Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања биле „главната причина“ за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше „да не се дозволи повторно тоа да се случи“.

„Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени на почетокот од ноември“, потенцираат од министерството.

Со измените на Законот за здравствена заштита, имено, се забранува собирања во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде и да е на  отворен простор во текот на целиот ден.

Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин