Филипче побара МВР и надлежните инспекторати да спроведат истрага за работата на ноќните клубови

49

Венко Филипче, министерот за здравство побара Министерството за внатрешни работи и надлежните институции веднаш да спроведат истрага и да го санкционираат работеењето на ноќните клубови,

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин!“, напиша Филиче на Фејсбук.

Филипче повторно потенцираше дека младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца.

„Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“, вели Филипче.

Викендов во струмичкиот клуб „Аватар“ се одржуваа концерти на кои, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, ниту еден од присутните не носи маски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.