Филипче поднел оставка од функцијата Министер за здравство?!

Венко Филипче си поднел оставка од функцијата Министер за здравство, дознава НетПрес од извори во СДСМ.

Како причина за ставката Филипче навел морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна Ковид-19 болница, во кој загинаа 14 лица.

Нашите информации од партијата на власт велат дека Филипче својата оставка ќе и ја соопшти на македонската јавност на прес-конференција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.