Филипче: Покажавме што значи грижа за пациентите и за здравствените работници

29

Во изминатите две години, со конкретни мерки и политики во здравството покажавме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи и достапни лекови во кој било ден од месецот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеке паника, гужва и чекање. Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз. Сега, тие ја имаат најквалитетната терапија. За 2 години, обезбедивме 5 нови лекови и го зголемивме буџетот за ретки болести – рече Филипче.

Тој порача дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се газело врз достоинството и правата на медицинскиот персонал.

-Ние го вративме достоинството. Воведовме мерки и преземаме активности преку кои, пред се на нашите млади здравствени работници да им овозможиме подобри услови за работа дома, во нашата држава. Веднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворени врати во здравствените установи. Отворивме два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри и сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати во следниот период ќе почнат со работа – порача Филипче.

Тој додаде дека неодамна била покачена платата за 10 отсто на медицинските сестри и 15 отсто на докторите специјалисти и била започната постапка за изградба на нов клинички центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.