Филипче потврди дека бројот заболени од коронавирус се зголемува

Министерот за здравство, Венко Филипче, во своето утринско обраќање во емисијата „ Утрински брифинг“ зборуваше за корона кризата со која се соочува државата и по подолг период призна дека бројот на пациенти заболени од овој вирус почнува да се зголемува.

„Имаме многу различни сценарија кои за многу кратко време ја сузбија епидемијата, за кратко време се намали бројот на пациенти, но сега повторно се враќаат,“ посочи Филипче.