Филипче препорача вакцинирање со две дози, со прележан ковид не се стекне доволен имунитет

137

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш апелираше на масовна вакцинација, и само така ќе може да се спречи ширењето на коронавирусот и спречување на тешка клиничка слика во овој нов бран. Тој истакна дека со прележан ковид не може да се стекне доволен имунитет. Не е доволно да се прележани и да сте вакцинирани само со една доза. Мора со две дози на вакцини.

– Вакцината е единствен инструмент дека ние можеме да ја смениме сликата. Евидентно е дека болеста побрзо се шири кај невакцинираните. И не сакаме да воведуваме порестриктивни мерки. Во есенските месеци очекуваме ризик факторите да се зголемат, затоа што повеќе луѓе ќе се вратат на работа – кажа Филипче.

Според податоците кои ги соопшти министерот, земјата има доволен број вакцини за имунизација на населението.

– Има сосема доволно количини на вакцини, 400.000, од кои 200.000 се на „Синовак“, 50.000 на „АстраЗенека“, и 70.000 на „Фајзер“. Граѓаните да се вакцинираат, да живееме нормално, а тоа може доколку сме максимално имунизирани, и тоа е единствениот начин да се стекне колективен имунитет. Не може имунитет да се стекне со прележан ковид, и не е доволно да сте вакцинирани после прележување само со една доза. Нема доказ дека создава голема количина на имунитет. Единствен начин да се стекне колкетивен имунитет, треба во уште поголем процент да се вакцинираме, и тоа со две дози – изјави министерот за здравство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.