Филипче препораче уште една недела забрана за јавни собири, спортските натпревари без публика

Уште една недела да нема масовни јавни собири, а спортските натпревари да се играат без публика заради превенција од коронавирусот. Наместо до утре Комисијата за заразни болести бара оваа мерка да важи до 13 март и препораката веќе е доставена до Владата која која треба да се произнесе имајќи во предвид дека токму во овој период најголемите политички партии имаат закажано конгреси и промоции

Покрај масовните собири, здравствените власти преговараат со телекомуникациските оператори сите странци кои доаѓаат во земјава да добиваат СМС пораки што да преземат и каде да се обратат ако имаат респираторни симптоми.

-Содржината на пораката би била слични како на флаерите што се делат на граничните премини, рече Филипче.

Откако Ковид 19 се рашири во Италија многу наши граѓани кои работат таму пројавиле интерес да се вратат во земјава, а здравствените власти ќе бараат тоа да биде на организиран начин за да имаат поголема контрола на целата ситуација.