Филипче рече дека е можно укинување на партиципацијата за болничко лекување од Ковид-19

На вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче рече дека во наредните денови ќе биде направена финансиска конструкција за да се утврди дали можеби ќе биде укината партиципацијата за хоспитализацијата на пациентите што се лекуваат од ковид 19 во болниците.

Во однос на партиципацијата, ние ги покриваме трошоците со одлука на владата за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме предвид и партиципацијата.

Ќе направиме една финансиска конструкција и тоа може за неколку дена да биде завршено, рече министерот.