Двајца починати од Коронавирус, на Инфектина клиника примена родилка, а 126 оздравени

Mинистерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ги сподели најновите информации за Кови-19, посочувајќи дека денеска се оздравени рекорден број на заболени и тоа 126.

– Ова е највисоката бројка на оздравени, и се надевам дека овој тренд ќе продолжи, рече Филипче.

Тој посочи дека за жал се регистрирани и двајца починати.

– Пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, велат од министерството, рече Филипче.

Тој истакна дека на Инфективната клиника се примени нови три пациенти, од кои една родилка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.