Филипче самиот си противречи: ту нема луѓе на протестите на опозицијат, ту ги имало многу и било лошо поради епидемијата

Мандатот на Филипче на кој му се гледа крајот помина во монолози и телевизиски гостувања без никаква дебата. Од реформи ни „р“, ама затоа од провизии виде многу. Полни џебови во секоја прилика, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Е сега, Филипче вели требало нов клинички центар, дека овој „неговиот“ од пола милијарда евра бил вистински, не бил како оној во Белград.

Филипче никако да сопре со лагите па вели опозицијата протестира прави гужви, блокира улици, а има корона, ама веќе во истата реченица е контрадикторен и вели „на оние протести на опозицијата во која блокираат улици во Скопје и 10 градови низ Македонија нема луѓе, протестите им се дебакл, фијаско“.

Епа Филипче, одлучи се или нема луѓе на протестите и е празно или има луѓе и опозицијата, симпатизерите, граѓаните сериозно покажуваат незадоволство.

Филипче не пропушти да се пофали со како што вели масовната вакцијанција. Повторно лага! Каква масовна вакцинација, се врши само ревакцинација, вакцини едвај се наоѓаат, или во повеќе градови нема вакцинација, туку само ревакцинација. И да министре ова може да се нарече секако, само не како масовна вакцинација!

Филипче „откако го среди здравството“, сега ги фали Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и слично. Филипче ќе одговара за сите зла, за сите лаги!, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.