Филипче: Се намалува бројот на новозаболени

Министерот за здравство Венко Филипче денеска инфомираше дека се намалува бројката на новодијагностицирани од ковид-19, но дека притисокот во болниците е се уште голем, нешто послабо во текот на вчерашниот ден и има слободни болнички кревети. Преоптеретени се болниците во Куманово и во Битола, додаде министерот.

– Бројот на новодијагностицирани е околу 1.000 што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати – рече Филипче.

Тој најави дека во текот на април во земјава ќе стасаат вакцини од Фајзер, Астра Зенека и од Кина.

Досега се вакцинирале околу  30.0000 граѓани.

– Од утре почнува вакцинацијата на повозрасните граѓани во салата „Борис Трајковски“ – најави министерот.

На веб страницаа досега 140.000 граѓани се пријавиле за вакцинација.

– Верувам дека сликата постепено ќе се менува како што ќе пристигнуваат вакцините. Апелирам сите граѓани да се пријават – рече Филипче во одговор на прашање во однос на малата бројка на пријавени граѓани и најави дека со дополнителни кампањи за важноста на вакцинацијата ќе се стимулира тој процес.

– Нека стигне поголема количина на вакцини, не би сакал да го земам местото на други, сите вакцини се безбедни, немам  референца на некоја вакцина – одговори Фиипче на новинарско прашање кога и со која вакцина ќе се вакцинира.