Филипче се премисли маски на отворено сега се задолжителни, казнувањето ќе се зголеми

Министерот за здравство Венко Филипче не остана доследен на своите зборови, иако изминативе месеци во текот на пандемијата даде неколку небулозни изјави за штетноста на маските по здравјето на граѓаните ако се носат на отворено, вчера се предомисли па предложи да се прифати задолжително носење на маски и на отворено и во сите објекти каде граѓаните се движат.

„На отворено кога нема луѓе во близина маска не се препорачува, тоа беше советот уште од почетокот“, ќе каже Филипче во едно интервју.

Во една од неговите бројни прес-конференции министерот ќе каже „маска на отворено треба да носи лице коешто знаеме дека е заболено, со цел да не ја шири инфекцијата“.

Сега Филипче вели дека дел од мерките кои се предложуваат е и задолжителното носење на маски и на отворено за сите граѓани во сите објекти каде граѓаните се движат.

Во март годинава, кога пандемијата зема замав, директорот за управување со вонредни состојби на Светската здравствена организација, Мајкл Рајан посочи дека маските се единствено наменети за заболените и за здравствените работници. Во истата изјава тој ќе каже дека нема конкретни докази дали масовното носење на маските има придобивки.

Микробилогот доктор Никола Пановски минатиот месец истакна дека не се согласува со најавената мерка граѓаните да носат маски и на отворено. Пановски забележа дека оваа мерка е спротивна на научните сознанија , како и тоа дека ваква мерка би предизвикала голема штета кај населелението заради штетноста кон органите за дишење.

Имено, дел од земјите во Европа, особено во Скандинавските предели, речиси 90 проценти од нив ги исфрлија маските од употреба, бидејќи носат дополнителни здравствени проблеми. Во Париз, Берлин, Лондон, Мадрид и во Софија се протестираше последниве два месеца поради одлуката на надлежните за носење задолжително маски на отворено и интензивираното казнување на граѓаните во овие европски држави.

Инфектологот доктор Вело Марковски и останати медицински експерти во Македонија, исто така, посочија во јавноста дека ваквата мерка може да предизвика лоши последици по здравјето на граѓаните.

И покрај настојувањата на дел од медицинските експерти кај нас, но и во светски рамки, министерот своеглаво без јавна дебата за истото прашање се предомисли, иако имаше став дека носењето на маски за сите граѓани на отворено е штетно.

Сега Филипче предложи маски да се носат секаде, а најавено е и интензивирано казнување доколку граѓаните се непослушни за истата одлука. Венко Филипче не остана на своите зборови, ниту, пак, ги праша граѓаните дали сметаат дека маските кои сега треба задолжително да ги носат им претставуваат проблем по здравјето, ниту, пак, се консултирал со поголем број експерти во однос на штетноста на оваа одлука, тој се предомисли и се согласи дека дополнително казнување ќе има доколку не се почитува одлуката која се очекува Владата да ја донесе.