Филипче се сретна со Унијата на учениците: Не се откажуваме, протестираме в понеделник

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска повторно се сретна претставници на Унијата на учениците на средните училишта. Но, сепак и денешната средбата, која е втора по ред, заврши со поделени ставови. Министерот смета дека наставата во средните училишта треба да се одвива онлајн, а од унијата велат дека тие сè уште се за комбинирана настава.

Здравствените власти и министерот имаат ист став. Немаме зближување на ставовите за комбинирана настава. Тие сакаат прво да видат како ќе се одвива онлајн наставата па потоа да преминеме на комбинирана настава. За жал Министерството за образование и наука нема ниту план со фази, како што има во другите земји во три фази, како ќе почне учебната година и како да се конвертира наставата понатаму.

На средбата, како што изјавија од УУСУ, Министерот им рекол дека на есен ќе има нов бран, бидејќи се очекува враќање на граѓаните од одмор и затоа наставата во средните училишта треба да се одвива на дистанца. Но, од Унијата велат дека не се откажуваат и дека в понеделник ќе протестираат.

Нема да се откажеме од протестите и ќе изразиме незадоволство и револт преку протестот кој ќе се одржи на 31 август, во понеделник.

Министерот за образование во заминување, Арбр Адеми, изјави дека настава со физичко присуство може да има само во училиштата кои имаат мал број на ученици во паралелките.

Сите училишта кои се опфатени со второто правило, се изземат од правилото наставата да се одвива на дистанца и второто изземање, со барање на основачот, односно на општините, таму каде бројот на ученици е мал, не важи барањето на МОН.

Претходно, во Влада претставниците на Унијата се сретнаа со премиерот, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче, вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи, предложената министерка за МОН, Мила Царовска и министерот за образование, Арбр Адеми. И на таа средба биле истакната истите аргументи. Инаку сеуште не е извесен датумот за старт на Новата учебна година, дали ќе биде 15 ти септември или први октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.