Ситуацијата е сериозна, има благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите

Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален профил на Фејсбук.

„Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација“, напиша тој по утринскиот состанок со директорите на клиниките.

„Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран“, вели Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.