Филипче: Со Комисијата за заразни болести ќе зборуваме за делта сојот во понеделник

Засега нема дополнителни мерки, во понеделник со Комисијата за заразни болести ќе се разговара за делта сојот, ширењето на вирусот и можната заштита на границите, најави дека министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска се сретна со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

-На состанокот со Комисијата за заразни болести во понеделник ќе зборуваме за ширењето на делта сојот и за можната заштита на нашите граници. Ќе ги слушнеме предлозите, но засега нема да има дополнителни мерки на територијата на земјава“, изјави Филипче на прес-конференцијата на која беше соопштено дека Хрватска освен 10 илјади вакцини „Астра Зенека“, ќе донира во Македонија уште 20 илјади вакцини, од производителите „Астра Зенека“ и „Модерна“.