Филипче соопшти кој ќе има приоритет при вакцинирањето против Ковид-19

Приоритет во вакцинирањето против ковид-19 ќе имаат сите здравствени работници од ковид центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Како што наведе тој, во првите редови за вакцинирање ќе бидат распоредени и следниве групи.

– Граѓаните над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардио-васкуларни болести, понатаму вработените во критичната инфраструктура и секако во транспортот – рече Филипче.

Министерот додаде дека планот, според медицинските експерти, е 60-70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет.

– Децата нема да се вакцинираат – д-р Милена Стевановиќ, а според министерот вакцината против ковид не е задожителна за граѓаните.

– Нема да се наплаќа, а државата ќе чини по 10 долари од доза, набавна цена според „КОВАКС“ механизмот – изјави Филипче.