Филипче: Свесен сум, набавката на вакцини не оди по планот

Македонија се уште ги чека вакцините од Кина и преку КОВАКС системот, а надлежните се свесни дека се доцни со испораката, што доведува до револт кај граѓаните.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција даде до уверување дека вакцините кои ќе пристигнат во земјава.

-Сите вакцини кои ќе влезат во земјава ќе бидат безбедни. Експертски тим тоа ќе го седи. Утре е закажан состанок на ЕМА во кои ќе се анализираат оние случаи кои повторно се заразиле од вирусот. Свесен сум дека набавката не оди по планот. Побарувачката е поголема, неизвесноста е голема кај сите земји во светот, рече Филипче.