Филипче: Трансплатацијата успешно завршена – примател е 51-годишен пациент

72

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција информираше за четвртата трансплатација на срце во земјава.

Тој вели дека трансплатацијата успешно завршила, а примател бил 51-годишен пациент кој немал друга алтернатива.

„Примател на срцето е 51-годишен пациент кој немаше друга алтернатива, после сите направени анализи не беше кандидат да прими механичко срце, а имаше срцева слабост која што значајно го отежнуваше неговото нормално функционирање“, посочи Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.