Вакцините од типот на „Синофарм“ полесно се адаптираат за нови соеви на вирусот, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека ако во иднина е потребно да се смени платформата на вакцината со цел да дејствува на некој нов сој или мутација на коронавирусот за кој не делуваат сегашните вакцини, тоа многу полесно може да се направи со вакцините кои се создадени на традиционалниот начин, каква што е кинеската вакцина „Синофарм“.

Тој вели дека оваа кинеска вакцина е доволно ефикасна иако не побарала да биде признаена од европската агенција ЕМА.

-Ефикасноста ја гледаме од завршните резултати на клиничките студии, а тие студии служат токму за тоа. Вакцината и лекот да се аплицираат на што поголем реципиенти и да се анализираат резултатите, а резултатите се сосема солидни. И количината на антитела којашто се детектира по одреден период, понатаму и начинот на производството на вакцината е традиционален и многу добро познат и во таа смисла би рекол дека тоа е една предност на овој тип на вакцина – рече Филипче во емисија на телевизија Алсат М.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.