Филипче вели рано е да не се носат заштитни маски на отворено

На денешната прес конференција во изјава за медиуми, министерот за здравство изјави дека смета дека се уште е рано да не се носат маски на отворено.

Тој истакна дека уште најмалце една недела е потребно време за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели.